Како ќе одиграат ЕУ и НАТО ако нема договор за името!

ЕУ и НАТО не треба да го искористат неуспехот за постигнување договор во грчко македонскиот спор како изговор за занемарување на македонското прашање – Балканот денес е премногу кревок за да се дозволи таква самозадоволство, предупредува „Фејненшл тајмс“ во напис со загрижувачки наслов „Фрагилната балканска иднина зависи од македонскиот договор“



Ако дефиницијата за напредок е дека земјата веќе не го именува аеродромот во главниот град по крал воин кој починал пред 2.300 години во Вавилон, тогаш сигурно постои надеж за Балканот – извор на многу модерни европски конфликти…, констатира авторот и потсетува дека и на главниот автопат во земјата „големите зелени знаци говорат за повеќе промени. Патот повеќе не го носи името на Александар, туку Пријателство, а Македонските лидери ги сметаат овие промени не за козметички, туку вистински отстапки за Грција“ која „27 години  го обвинува својот северен сосед дека има територијални претензии кон грчка територија, културното наследство и идентитетот, користејќи ја Македонија како име и Александар како државен симбол“.

По експликацијата на генезата на спорот, предлозите за разврска и моменталната политичка констелација во Македонија, авторот вели дека изгледите за грчко-македонски договор се неизвесни.

„Точно, преговарачите го стеснија изборот на името на Северна, Горна или Вардарска Македонија – последната инспирирана од најдолгата река во земјата. Едно од нив би било името на Македонија за меѓународна употреба. За домашна употреба, Заев сака да се користи ‘Република Македонија’. Ова не е доволно добро за Грција… Атина врши притисок за промени на македонскиот устав, со што би се отстранила таквата закана.

Заев е отворен за идејата, но за секоја промена ќе треба ратификација во парламент, а легитимноста на решението со Грција и било уставни измени ќе бара да се потврди на референдум.

Од друга страна левичарскиот премиер, Алексис Ципрас, кој е пред избори што треба да се одржат следната година, може да процени  дека разговорите со Скопје стануваат премногу жешки за да се справи со нив.

„И на крај – вели авторот – не сите влади на ЕУ сакаат да ги отворат разговорите за пристап со Македонија. Во НАТО некои не го гледаат влезот на Македонија како приоритет. Ќе дознаеме повеќе од самитот на ЕУ во јуни и самитот на НАТО во јули.

Двата настани може да пристигнат прерано за грчко-македонскиот договор. Ако е така, ЕУ и НАТО треба да се спротивстават на искушението да го искористат неуспехот како изговор за занемарување на македонското прашање. Балканот денес е премногу кревок за да дозволи таква самозадоволство“.