Чудесна Македонија: Мечки место мачки во контејнери (ВИДЕО)

Во чудесната Македонија мечки место мачки почнаа да влегуваат во контејнери.



Малото мече во контејнер се гледа на видеото објавено од профилот Животна средина (Environment).

Возач на автомобил на место за контејнери во селото Требиште, Општина Маврово Ростуше забележува дека нешто се случува во контејнерите и откако ќе свирне мечето се појавува.

Не е невообичаено мечки и друг дивеч во недостаток на храна и нарушена животна средина да доаѓаат во селски населби во потрага по храна.

Видеото на линкот

https://www.facebook.com/environment.mk/videos/589073020484281/?mibextid=9drbnH

Странец во Македонија вчера објави фотографија од друга Мечка со мече во Мавровско

https://x.com/randombalkang/status/1936130640459825166?t=-izeRtMbcKqc_U94aLXiIQ&s=19