Претседателката прими американско – македонски археолошки тим кој во светот го шири македонското археолошко богатство

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова примила американско – македонски археолошки тим кој во светот го шири македонското археолошко богатство.



Сиљановска Давкова разговарала со професори од Универзитетот „Хамболт“ од Калифорнија, предводени од професорот Ник Ангелов, Македонец по потекло и професорот Љубен Тевдовски, од Универзитетот „Гоце Делчев“, раководител на македонско-американскиот тим којшто врши археолошки истражувања на македонска почва, како и со деканката на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф.д-р Емилија Петрова-Ѓоргиева и проф.д-р Верица Јосимовска, шеф на Катедрата за историја и археологија.

,,Ме информираа за интензивната соработка на двата универзитета на полето на археологијата и со вредните ископувања во реоните на Битола, Демир Капија и Охрид.

Преку презентирање на археолошките пронајдоци во странските стручни часописи и во медиумите, тие го промовираат македонското културно наследство, предизвикувајќи голем научен, но и поширок интерес за него.

Верувам дека со меѓународна помош ќе ги реставрираме и ќе ги направиме достапни за очите на домашната и светска јавност бројните археолошки артефакти, откриени на македонска почва, бидејќи нашето археолошко наследство има национална и цивилизациска културна вредност”, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова.