Путин по 4 пат претседател на Русија

Владимир Путин денеска го започна четвртиот мандат како претседател на Русија по победата на изборите во март.



Тој е на власт 18 години, било како претседател или премиер, а противниците го споредуваат неговиот мандат со владеењето на цар или император.

Со сегашниот шестгодишен мандат, Путин во Кремљ ќе остане до 2024 или речиси четвртина век на челни позиции во Руската федерација.

Руската телевизија го прикажа Путин (65), како ја напушта својата канцеларија во Кремљ и одејќи на церемонијата, по долги коридори.

„Ќе ја извршувам функцијата почитувајќи ги правата и слободите на граѓаните, ќе го штитам Уставот и суверенитетот, безбедноста и целовитоста на државата и верно ќе му служам на народот, рече Путин во заклетвата што ја положи на Уставот на Руската федерација, во големата сала во Кремљ.

Путин, дојде на власт во 2000 година, кога на изненадување на домашната и светската јавност, беше предложен од тогашниот претседател Борис Елцин за негов наследник на чело на Русија.