Решение за името – во „трето полувреме“

Шестмесечниот напор за постигнување договор за името и затворање на речиси 30-годишно ривалство на двете земји дојде до „финална“ линија и, покрај најавите на комесарот Хан дека проблемот со името ќе бил решен за две недели, извесно е дека „разликите остануваат непремостливи и … нема да има договор“, пишува гррчкиот портал In.gr.



Toa секако значи дека нема да има напредок на самитот на НАТО во јули, ниту пак може да се отворат преговори за процесот на пристапување на Скопје.

Повикувајќи се на свои извори, порталот пишува дека „направен е напор, натпреварот е завршен, резултатот ќе биде напишан во … трето полувреме“.  Што значи дека целта за јули е изгубена, но дека процесот ќе продолжи, можеби во уште едно полувреме.

Во „анализата“ се вели дека сепак последна шанса е средбата на 17-ти мај на Алексис Ципрас и Зоран Заев во Софија, каде ќе имаат можност „да ја истражат можноста за изнаоѓање политичко решение кое ќе го отстрани ќор-сокакот“.

Но, разликите се сеуште непроменливи а времето е кусо зашто Зоран Заев изјави дека „конечната одлука за промена на името (во уставот) ќе биде поврзана со гласањето на луѓето од ‘Македонија’  за пренесување на дел од нејзиниот суверенитет на Европската Унија кога ќе стане  членка…“

Тоа значи дека во секој случај ќе има референдум во Скопје, нешто за што Никос Коѕијас рече дека ќе го одложи договорот најмалку два месеци.