ДУИ со вето за командант Хоџа кој во Владата влегува како “СДСМовец”

Една од причините за нетранспарентноста на владата за именување на командант Хоџа за советник на премиерот Заев за советник за безбедност е во позицијата на ДУИ.



Партијата на Али Ахмети не дозволува Џезаир Шаќири да влезе во владата затоа што по кумановските настани во мај 2015 година тој од Косово го обвини лидерот на ДУИ дека е виновен за инцидентот во Диво Насеље во кој загинаа 10 терористи и 8 македонски полицајци.

Според партиски извори во тек се консултации во владината коалиција за да се најде решение за Шаќири зад кој не стои политички субјект и спиред ДУИ ако Заев инсистира, ќе мора да му даде некоја од позициите кои ги добила СДСМ.

Едно од предложените решенија е Командант Хоџа да се извини јавно за обвинувањето кон Али Ахмети и ДУИ, што иницијално било одбиено од страна на екс командантот на ОНА и човек кој во 2007 година прогласи “слободна територија Танушевци”.

Друго можно решение за проблемот со Хоџа е ДУИ да добие право да именува свои екс команданти за советници на вицепремиерите Албанци во Владата без премиерот да има можност да го запре именувањето поради нивните криминални биографии.