Лидерот на опозицијата денеска со признание, не знаел дека селото во кое со години се криеше новиот советник за безбедност во Владата Командант Хоџа било заробено па ослободено.
“Наспроти декларативните настојувања на Владата за транспарентност која спаѓа во рубриката гол популизам, денес дознавме дека Танушевци било “заробено”, па потоа “ослободено”. Дека за да се добие позиција во владата треба да се зароби некое село или град, и дека тоа се критериуми за напредок, а не професионалните компетенции, какво образование или минат труд има зад себе”, пишува првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ според кого СДСМ и во овој мандат си го пронајде новиот Красничи, но овој пат награден и со позиција во владата.
“Ова е време кога имаме целосна ерозија на принципите и вредностите. Сите говорат, но владата молчи… а молчат затоа што тонат во сопствената жива кал. Владата, Премиерот и Министерот за внатрешни работи должат одговори… и треба да се свесни дека бргу ќе дојде денот кога за се ова што им прават на граѓаните и на нашата држава ќе понесат одговорност, бидејќи мора во нашата држава конечно одговорноста да има име и презиме”, и порачува на владата лидерот на опозицијата.





