Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, по невремето што го зафати скопскиот и други региони во државава, интервенирала во скопските села Црешево и Стајковци.
Според информации на expres.mk најголем дел од поплавените објекти се помошни и подрумски простории.
– Противпожарни екипи се упатени за интервенција поради поплавени неколку куќи во Црешево и Стајковци, изјави за медиумите Ѕвонко Томевски, командир на Бригата за противпожарна заштита на град Скопје.
Невремето предизвикало и проблеми во сообраќајот и прекини на снабдувањето со електрична енергија.
Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), поинтензивни врнежи за попладне се очекуваат во западните делови од земјата. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град.





