Штипска обвинителка чудотворка може да биде на четири локации во исто време, ќе ја прогласи ли Советот на обвинители за светица

Хроничниот наслов на овој текст не е многу смешен кога ќе се види дека во македонското правосудство се случуваат паранормални појави кога некој висок во обвинителската хиерархија ќе почне да се пресметува со пониските обвинителски касти.



Приказната која ја објавува Бранко Героски наликува на најголемите чуда во христијанството со таа разлика што овде се работи за обична измама под притисок на ,,повисока сила”.

Штипската јавна обвинителка Татјана Кацарева ќе влезе во историјата како единствена јавна обвинителка со докажана способност за – клонирање, пишува Плусинфо каде има дилема дали Кацарева има необјаснива способност да биде со различни луѓе на различни места во исто време, или, едноставно, фалисфикувала записник од сослушување на сведоци.

Додека истрагата се одолговлекува, Советот за јавни обвинители молчи
Кацарева го води предметот против шефот на Вишото јавно обвинителство – Скопје, Мустафа Хајрулахи, кој на 11 октомври 2024 година беше суспендиран од страна на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Од ланскиот 11 октомрви 2024 до 11 јуни годинава поминаа точно седум месеци, а истрагата за кривичното дело Малтретирање во вршење на служба (член 143 од Кривичниот законик) не е мрдната од место.

Во меѓувреме, Хајрулахи поднел неколку претставки до Советот на јавни обвинители, за тоа како Основното јавно обвинителство Штип, поточно обвинителката Татјана Кацарова, го води предметот. Но, Советот молчи. Вишиот обвинител Хајрулахи нема никаква повратна информација дали е постапено по однос на поднесените претставки.

Однесувањето на Советот и не е за чудење, ако се знае дека повеќето членови му се наклонети на обвинителот Коцевски, кој ја води хајката против двајца виши јавни обвинители (Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски), кои не ја прифатија одлуката за затворање на предметот „Бонусите на СЈО“, пишува Плусинфо.

Интересно е дека Советот незаконски ја постави обвинителката Наташа Цалева за в.д. шефица на скопското Вишо јавно обвинителство, но таа, очигледно свесна за манипулациите, веднаш побара да биде разрешена. Советот на јавни обвинители се уште не нашол време да одлучува за барањето на обвинителката Цалева, што е скандал сам по себе.

„Чудото“ во Штип констатирано во записник

Но, да се вратиме на приказната од Штип, каде што Коцевски го испрати предметот против Хајрулахи, за да го држи под контрола. На 14 мај, по покана на обвинителката Татјана Кацарова, во својство на осомничен за сторено кривично дело Малтретирање во вршење на служба, обвинителот Мустафа Хајрулахи и неговиот бранител уредно се одзвале на поканата и оттишле во ОЈО Штип.

– На записник побарав да ми се дозволи да извршам увид во списите од предметот, за да се запознам за што ме тoвари обвинителката Кацарова. По извшениот увид, побарав во копија да ми се достават списите од предметот оформен против мене. Од извршениот увид, констатирав дека јавната обвинителка Татјана Кацарова, заедно со сведоците-оштетени во предметот кој се води против мене, направиле фалсификат врз јавна исправа, врз Записник за испитување на сведок-оштетен – тврди Хајрулахи.

Според словото на записниците, обвинителката Кацарева во исто време испитувала четири оштетени, што е спротивно на законите на природата.

Повеќе детали на овој ЛИНК