Претседателот на Движење Беса Биљал Касами ја истакна можноста владината коалиција да се зголеми со нови партнери кои би дошле од Европскиот фронт.
Ова е дел од одговорот на прашањето дали функцијата заменик министер во Министерството за одбрана ќе припадне на коалицијата „Вреди“ или е можна некој политичка комбинаторика со оглед на најавите во јавноста за приклучување во Владата на нови партии од опозицијата.
– Значи ние сме кажале и порано и повторуваме дека коалицијата е отворена, владината коалиција отворена, за проширување, за пристап на нови пратеници. Сме во преговори со неколку такви пратеници, односно политички партии кои се дел од Европскиот фронт и многу брзо тоа ќе се случи. Во делот на тоа место и на неколку други испразнети места значи се да кажам резервирани за вакви припојувања кон владината коалиција, рече Касами.






