Германец во Македонија: Шокиран сум, ова не е Македонија што ја знам

Германец кој повеќе од една година живее во Македонија е шокиран од тоа што го видел во Управните служби на МВР во зградата на МТВ откако по една година отишол таму.



Германецот Фин Вотшов е шокиран од тоа што го видел затоа што тоа не била Македонија што ја знае.

,,Морав да одам да ја продолжам својата возачка дозвола и морам да кажам дека сум шокиран. Нема да верувате колку лошо беше овде пред една година кога бев овде последен пат.

Невистина изгледа подобро од било која владина институција во Германија. Јас сум тотално шокиран. Ова не е Македонија што ја знам”, пишува Германецот за реконструкцијата на управните служби на МВР во зградата на МРТ каде што граѓаните вадат лични документи.