Нашите мисли во ова време на голема тага се со австрискиот народ, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова во сочувството сочувство упатено до Австрија и до австрискиот колега Александар Ван Дер Белен
,,Длабоко сум натажена поради трагичниот инцидент во училиштето во Грац. Во име на македонските граѓани им изразувам искрено сочувство на семејствата на жртвите и ја изразувам нашата солидарност со народот на Австрија во ова време на длабока тага. Нашите мисли се со сите погодени од овој бесмислен чин на насилство”, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова на социјалната мрежа Х поранешен Твитер во кој е тагиран претседателот на Австрија.
Социјалната мрежа Х поранешен Твитер во дипломатските кругови најчесто се користи за ваков вид на јавни обраќања.
Зошто реагира Сиљановска Давкова
Најмалку 10 мртви и неколку повредени во пукотница во училиште во Грац, во Австрија






