Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска во Дојран ќе се сретне со бугарскиот премиер Румен Радев кој е во работна посета на република Македонија.
Бугарски медиуми, утрово пишуваа дека двајцата претседатели ќе им одадат почит на „хероите од 11 Македонска дивизија и загинатите бугарски војници во Балканската и Првата светска војна, на воениот меморијал во Ново Село“ која е во организација на бугарската Фиондација „Бугарска памет“.
Бугарскиот претседател во февруари беше во посета на Македонија, а Иванов ќе ја посети Бугарија во јуни.




