По повод прославата на 200-годишнината од раѓањето на Карл Марк, во неговиот роден град Триер во Западна Германија беше откриен негов споменик, објави ДПА.
Споменикот, кој е подарок од Кина, е изработен од бронза и е со висина 4,4 метри, а тежи 2,3 тони. Околу 200 гости, вклучувајќи делегација од Кина, присуствуваа на церемонијата на отворањето на споменикот.
Церемонијата и говорите во Трир беа прекинувати од извици од германска група која ги претставува интересите на жртвите на комунизмот.
Велиме „да“ на дебатата за Маркс, но „не“ на неговото обожување, посочи лидерот на групата Дитер Домбровски.
Во градот речиси 60 години функционира музеј, кој се наоѓа во домот на Маркс и кој секоја година го посетуваат околу 40 000 луѓе.
Во наредните неколку месеци во Трир ќе има 600 настани – изложби, концерти, театарски претстави, конференции – по повод годишнината од раѓањето на Маркс.





