Во јуни почнува „пеглањето“ на историјата меѓу Македонија и Бугарија

Спорните историски моменти меѓу Македонија и Бугарија ќе почнат да се разгледуваат во јуни од 14 експерти од двете држави, кои ќе бараат консензус за прашањата за кои постојат разлики меѓу двата соседа, извести бугарската телевизија Нова.



„Нашата одлука е да има и дипломати, но историчарите се основата. Имаме писател, уважен професор и специјалист по средновековна литература“, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Јунскиот старт на експертскиот дијалог, на кој прв домаќин ќе биде Бугарија, се темели на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, кој веќе е регистриран и во Обединети нации.

Информацијата доаѓа од Солун, каде што министрите за надворешни работи на Македонија, Бугарија, Грција и Албанија разговараа за претстојниот сами на Европска унија на 17 мај во Софија. ЕУ го означи состанокот во Солун како исклучително важен поради разликата за името на Македонија и Договорот за добрососедство, јавува телевизијата.