Најмалку 1.000 лица биле уапсени за време на протестите на опозицијата во Москва. Полицијата насилно се обиде да го растера митингот за кој немало одобрување со солзавец.
Лидерот на опозицијата, Алексеј Навални, неговиот сојузник Николај Лјаскин и голем број негови приврзаници беа уапсени.
Протестите беа организирани во пресрет на инаугурацијата на Владимир Путин за четврт мандат како претседател на Руската федерација.








