Српски турист и докторка вратиле во живот Македонец во Олимпик Бич

Србин му го спаси животот на маж од Македонија, oбјави страницата „Грчка инфо“.



Возрасни сопруг и сопруга од Македонија држејќи се за раце влегле во вода во „Олимпик бич“ но сопругот не знаел да плива.

Тие се движеле на околу 50 метри од брегот, каде што водата била длабока до половина, кога туристите на плажата слушнале крик и повик за помош.

Во тој момент, млад човек од Србија, кој бил на плажа, скокнал од лежалката и без размислување се стрчал кон водата за да помогне. Успеал да го извлече човекот од водата и да го изнесе на брегот!

За среќа, меѓу капачите докторка по професија, која веднаш започнала со реанимација. По одредено време, човекот почнал да покажува знаци на живот – ги помрднувал рацете и нозете, јави Грчка Инфо.