РК Откако ЕХФ донесе одлука за скандалозното однесување на АЕК на мечот во Скопје каде грчките ракометари не излегоа на терен.
Ракометниот суд утврдил дека АЕК бил должен да учествува во закажаниот натпревар. Со одбивањето да го стори тоа, клубот ги прекршил релевантните прописи на ЕХФ и затоа е одговорен.
Судот одлучил дека резултатот од реваншот од финалниот натпревар на ЕХФ Европскиот куп за мажи 2024/25, помеѓу РК Алкалоид и РК Атина, е 10:0 во голоби и 2:0 во бодови за Алкалоид.
Првиот натпревар заврши со победа на РК Алкалоид од 29:25.
РК Алкалоид затоа е победник на ЕХФ Европскиот куп за мажи 2024/25, вклучувајќи ги сите последици и предности што произлегуваат од оваа титула.
Секоја жалба против овие одлуки нема да има никаков ефект на одлуката дека Алкалоид е победник на Европскиот куп.
Донесената одлука се однесува само на аспектите на случајот поврзани со натпреварувањето. Посебни дисциплински постапки во врска со одбивањето да се игра натпреварот, поврзаните штети и распределбата на билетите сè уште се во тек.
РК АЕК Атина може да поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена.






