Јавното сообраќајно претпријатие пушти во сообраќај старите дотрајани автобуси од нивната гаража, пред се на линиите „2“ и „5“, објави порталот „Нетпрес“.



Причина – дел од возниот парк бил ангажиран за превоз на ученици на екскурзии.

И покрај негодувањето на патниците, од ЈСП велат дека старите автобуси биле во исправна состојба и потполно безбедни, а на ваков чекор се одлучиле за да не дојде до прекин на редовните линии, пишува порталот.