Според прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2025 година, реалниот раст на Бруто домашниот производ откако е избрана оваа Влада, трет квартал по ред е 3 или повеќе проценти, а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2% тоа е бројката којашто ја објавува „Евростат“.Со тоа, практично на досега објавените параметри коишто ги објавил „Евростат“, македонската економија е рангирана на четврто место, веднаш позади Ирска, Данска и Полска, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот додаде дека ова е резултат на храброст, визија и многу работа.
-Тоа не е случано и ова не е случајност, ова е резултат на храброст, визија и многу работа. Ова е доказ кога државата се води на исправен начин, но и со знаење, со план и трпение, резултатите мора да дојдат, додаде Мицкоски.
Овој раст е многу сериозен сигнал дека реформите дават резултати рече Мицкоски.
-Знаевме дека не смееме да губиме време, го затворивме поглавјето на стагнација, несигурност и на манипулација. Отворивме ново поглавје на економски раст, на вреднување на трудот, на поддршка на приватниот сектор, на фер конкуренција. Овој раст е многу сериозен сигнал дека реформите дават резултати, земајќи предвид дека станува збор за првиот квартал од годината кој што секогаш е најслаб и најпредизвикувачки. Сепак доколку сакаме да бидеме до 2030тат уште повисоко на европската економска скала мораме да го одржуваме просекот кој што ќе биде поголем од 4 проценти, се разбира тоа не зависи само од нашите внатрешни параметри, тоа многу зависи и од екстерните фактори, појасни премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.







