Сместен помеѓу бујна вегетација и зеленило на источнатастрана од земјата се наоѓа Виница, мало гратче со помалкуод 15.000 жители кое покажува високо ниво на еколошкасвесност. Луѓето кои живеат таму поставуваат пример за тоакако целта станува лесно остварлива, доколку ситезаеднички придонесат.
Виница е една од општините во која се поставени Повратнивендинг машини на Пакомак и каде што апликацијатаЕкоМак активно се користи секојдневно. Според податоцитеобезбедени од Пакомак, граѓаните на Виница во текот на 2024 година собрале и успешно одложиле дури 596.012 парчиња шишиња и лименки преку ПВМ.

Истовремено, апликацијата ЕкоМак има 1,397 регистрираникорисници на територијата на Општина Виница, што ако сеземе предвид големината на овој град претставуванавистина значителен одзив и интерес.
Општина Виница е само еден во низата примери на мали, ноневеројатно посветени заедници, која ја разбира важностана имањето чиста и здрава животна средина. Вистинска екоеволуција на свеста се случува во повеќе општини воземјата, каде што луѓето се будат и решаваат да го дадатсвојот придонес за отпадот наместо на депонија, да завршионаму каде што му е местото.
Еко одговорноста се наоѓа во секој еден од нас, нопонекогаш ни треба малку мотивација за да ја извадиме на површина. А токму тука ја наоѓа својата улога Пакомак, којпреку воведувањето на современа отпадна инфраструктура, но и со обезбедувањето на повеќекратна корист закорисници, успева да ги мотивира луѓето во општеството дастанат поодговорни за она што природата ни го оставила на користење.







