Унгарскиот премиер Виктор Орбан предупреди дека Будимпешта може да стави вето на буџетскиот план на Унијата кој предвидува членките на ЕУ да добиваат пари во зависност од демократските стандарди владеење на правото.
Механизмот треба да ѝ овозможи на ЕУ да го “суспендира, намали или ограничи пристапот” до буџетски средства доколку се пронајдат „недостатоци во владеењето на правото“.
На предлогот се гледа како на начин на притисок врз државите членки на ЕУ, како Унгарија, кои Брисел постојано ги критикува поради кршењето на демократските стандарди.
Полска, дури и се соочува со санкции за судските реформи.
Предложениот буџет за од над 1,2 трилиони евра за периодот од 2021 до 2027 година, беше претставен во средата од ЕК по неколкумесечни тешки консултации со 27-те земји, кои ќе останат во ЕУ, откако Велика Британија ќе ја напушти Унијата.
„Мора да има едногласност, така што Унгарците не треба да се грижат“, изјави Орбан.
54-годишниот Орбан беше реизбран минатиот месец по трет пат за премиер со дво-третинско мнозинство од парламентот.
Тој вети дека ќе изгради „старомоден“ тип на „христијанска демократија, базирана на европската традиција“.
Построги закони против миграцијата ќе бидат меѓу првите кои ќе бидат усвоени од новиот парламент, кој е свикан за 8 мај.





