Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, присуствуваа на најголемата мултинационална вежба годинава – „Immediate Response 25“, дел од серијата „Defender Europe“, со учество на над 2000 војници од земји сојузнички на НАТО.
Како Влада, остануваме посветени на поддршката и унапредувањето на нашата Армија. Силен, подготвен и професионален одбранбен капацитет е гаранција за стабилноста и безбедноста на државата, порача Премиерот.






