Газдата на „Пуцко петрол“ на свадба во Истанбул

Асмир Јахоски, сопственик на „Пуцко петрол“ кој до пред еден месец беше во притвор во затворот во Шутка, вчера се појави на фотографии во Истанбул, Турција.



Откако му беше укинат притворот, нему му беше одземен пасошот, а тој даде милиони како гаранција дека нема да бега.

Според информациите на Скопје1, тој потоа побарал времено да му биде вратен пасошот, па така, неговото заминување во Истанбул, е законско, бидејќи судиите одобриле.

Фотографијата на која тој е сликан со славеникот, неговиот татко и чичко, беше објавена на социјалните мрежи. Така всушност и се прошири во јавноста.

Инаку, Јахоски заедно со Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски се осомничени дека на државата и продавале мазут со сомнителен квалитет за потребите на ТЕЦ Неготино за време на енергетската криза и тоа во вредност од околу 150 милиони евра.

Обвинителството потврди дека Асмир Јахоски може да излезе од притвор