Филипче сака да ја поврати контролата врз Македонија што ја имаше во време на СДСМ и ДУИ

По само една година од крајот владеење на неговата партија лидерот на опозицијата Филипче сака да ја поврати контролата врз Македонија што тој како министер делумно ја имаше во време на власта на СДСМ и ДУИ од 2017 до 2024 година.



Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на трибина на Социјалдемократската младина на Македонија во Струмица, посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е влада која што ја одзема иднината и можноста за прогрес.

Според неговата порака која според него е јасна порака Филипче бара да си ја земел државата назад.

Тој не прецизира дали контролата врз Македонија сака да ја поврати како дел граѓаните, како СДСМ, како дел од групата блиска на Зоран Заев или како носител на златна виза за Дубаи.

Во обраќањето пред присутните, Филипче предупреди за една година ВМРО ДПМНЕ ја има урнисано секоја област во општеството.

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја урнисаа економијата, направија цените да растат без контрола, да не можат луѓето една кошничка да си наполнат, платите немаат абер да растат во следниот период, во земјоделството се намалија субвенциите – и за откупот на оризот, и за сточарите, и за лозарите, го урнисаа здравството, нè задолжија со седум милијарди евра – пари коишто ќе ги враќаат младите генерации“, рече Филипче.

Затоа, како што кажа Филипче, оваа хаотична состојба предизвикана од лошите политики на ВМРО-ДПМНЕ мора да престане, а државата мора да се врати на вистинскиот европски пат.

„Затоа, сега упатувам јасна порака: да си ја земеме државата назад. Да ја вратиме на вистинскиот европски пат. Многумина прашуваат што е бенефитот? Бенефитот е тоа што тоа ќе биде признание за нашиот идентитет. Затоа што тоа ќе биде начин на којшто поквалитетно ќе се живее. И затоа што влезот во Европа е конечно обединување на сите Македонци“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.