„Царот“ на ограбувањето банкомати со лажни картички Мартин Д. од бугарскиот град Сандански, кој пред неколку години беше притворен во Македонија, но успеа да избега, уапсен е во Африка, пишува порталот „Струма“.
Тој е уапсен на туристички остров при обид да испразни банкомат и префрлен е во затвор на остров покрај брегот на централна Африка.
Мартин со овој „бизнис“ се занимавал со години и бил апсен и од полицијата во Сандански, но успевал да се извлече. Порано работел со соработници, кое заглавувале наместо него, но во последните неколку години ја променил тактиката и работел самостојно и најчесто во оддалечени туристички дестинации.
Во почетокот на април заминал во странство и веројатно неколку дена подоцна е уапсен.





