Муслиманските верници од земјите на поранешна Југославија треба да издвојат неколку месечни плати за патување на аџилак во Мека, Саудиска Арабија.
За жителите на Косово, потребни се 10,2 просечни плати. Верниците од Албанија, Македонија и Босна и Херцеговина треба да платат по девет месечни плати за пакет аранжман кој го организираат приватни агенции, пишува Ал џезира.
Од Македонија основен „пакет“ се движи од 3.000 до 4.200 евра.
Околу осум месечни плати треба да платат потенцијалните аџии од Србија, а по седум од Бугарија и од Турција.





