„Две клучни личности и познати лекари, Фадил Цана, директор на Универзитетската Клиника за заразни болести, и Башким Шабани, директор на Универзитетската клиника за урологија – Скопје, ја повлекоа својата поддршка за првиот човек на Аклијансата за Албанците Арбен Таравари.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.
Во веста порталот дополнува: Оваа нивна постапка уследува веднаш по одлуката на Таравари да се раздели од од коалицијата Вреди – потег што предизвика раскол во АА. Одлуката за отцепување од Вреди и за излегување од владата мнозинството членови на АА ја сметаат како еднострана и таа нема целосна поддршка од структурите на партијата.






