Руската амбасада на „македонските браќа“ им го честита „заедничкиот празник“

Споменикот на Свети Кирил и Методиј во градот Дмитров, Московска Област

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија се огласи на социјалните мрежи со честитка до „македонските браќа“ за „заедничкиот празник“ Ден на Светите Кирил и Методиј.



„На нашите македонски браќа им упатуваме искрени честитки по повод нашиот заеднички празник – Денот на Светите рамноапостоли Кирил и Методиј, великите сесловенски просветители и проповедници на христијанството, творци на словенската писменост. Со создавањето на азбуката, тие ги воспоставија темелите на словенската книжевност и оставија траен белег во духовниот и културниот развој на словенскиот свет.

‘Слушајте ваму, си словенски народи, слушајте Словото зашт’ од Бога ни дојде. Словото е храна за човечката душа …”

(Свети Кирил)

Споменикот на Свети Кирил и Методиј во градот Дмитров, Московска Област. Скулптор А. Рукавишников, архитект Р. Нарски“, стои во честитката на Фејсбук.