Турски државјанин, вчера бил уапсен, откако преминал на грчка територија и е обвинет за нелегален влез во земјата.
Човекот, вработен во општина Едрене, работел со градежна машина во близина на турската царинска испостава во областа кога преминал преку границата.
Според информациите, грчките офицери му сигнализирале на општинскиот работник дека се приближува кон границата, но тој ја преминал за околу 10 метри.
Според „Катимерини“ тој денес ќе се појави пред обвинител.
На 4 март турските власти уапсија двајца грчки војници кои влегле на турска територија и се уште се наоѓаат во Турција.




