Лицитација за нов претседател: Шекеринска, Димитров, Анѓушев, Славески…

На 12 мај ќе почне последната година од вториот мандат на претседателот Ѓорге Иванов, па лицитацијата со можниот наследник веќе почна, пишува весникот „Независен“, наведувајќи потенцијални учесници на изборите в година.



Во владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија се вртат имињата на потпретседателката на Владата, Радмила Шекеринска, на шефот на дипломатијата Никола Димитров, на вицепремиерот Кочо Анѓушев, на кандидатот од последните претседателски избори Стево Пендаровски, на бизнисменот Трифун Костовски итн.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, весникот го наведува поранешниот министер за финансии и универзитетски професор Трајко Славески, кој по заминувањето на долгогодишниот лидер Никола Груевски се врати на местото потпретседател во партијата што доби најмногу гласови на последните парламентарни избори во декември 2016 година.