„Debre sokak“ е името на улица во општина Борнава во турскиот град Измир во која има голема концентрацијата на иселеници од дебарско-реканскиот крај, но и други делови од Македонијаа.
На барање на македонските иселеници, општината донела таква одлука, а таблата е веќе поставена, пренесува порталот „Стандард“.
На свеченоста присуствувале градоначалникот на Борнова, Атила Олгун, и градоначалникот на општина Маврово – Ростуше, Медат Куртовски.





