„Политичкиот аналитичар Флоријан Несими не верува дека Али Ахмети ќе успее да ги помири двајца поранешни политички соперници Зијадин Села и Арбен Таравари. Според Несими, ако Ахмети попушти пред Села и Таравари и ако им ги даде општините Струга и Гостивар, тогаш ја изложува ДУИ на опасност остане без ниедна градска општина.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.
„Лајм“ ја цитира изјавата, која ја даде во овој контекст Несими во неговата емисија „Дијалог“: „Ахмети нема да може да ги смири Таравари и Села токму поради поделбата на општините, бидејќи е многу важно да се нагласи Струга. Села сигурно ќе инсистира да ја има Струга. Но, ако ДУИ им ги препушти Струга и Гостивар на други партии, а притоа го изгуби Тетово, а најверојатно и Чаир, тогаш партијата на Ахмети се изложува на опасност да остане без ниедна градска општина, можеби само со Дебар.“






