Техеран да плати 6 милијарди за загинатите на 9/11 во Њујорк

Американски суд му нареди на Техеран да исплати повеќе од 6 милијарди долари отшетета за жртвите од терористичките напади од 11 септември 2001 година



Окружниот судија Џорџ Даниелс од Њујорк ги прогласи Иран, Централната банка на таа земја и Исламската револуционерна гарда за одговорни за смртта на повеќе од 1.000 луѓе во нападите на 11 септември

Според пресудата се бара компензација од 12,5 милиони долари за брачен другар, 8,5 милиони долари за родител, 8,5 милиони долари за дете и 4,25 милиони долари за брат лии сестра.

Во 2011 и 2016 година, судијата во Њујорк ѝ нареди на Исламската Република да плати милијарди долари на жртвите на нападите во кои загинаа речиси 3.000 луѓе.

Техеран треба да реагира на последната пресуда, но претходно ги отфрли таквите обвинувања како смешни, со оглед на фактот дека ниту еден од сторителите не биле ирански државјани и ниту една истрага досега не најде директни врски со Иран.

Околу 15 од напаѓачите на 11 септември биле државјани на Саудиска Арабија, двајца биле од Обединетите Арапски Емирати, еден од Египет, а еден од Либан.

Сепак, тужбата на САД, првично поднесена во 2004 година, тврди дека Техеран ги поддржувал киднаперите и им обезбедил обука и финансиска помош.