Пратеничката Мимоза Муса од АА останува во Вреди, му сврте грб на Таравари! Не беше на средбите со СП на Рама во Тирана

Пратеничката од Тетово Мимоза Муса не беше дел од делегацијата, предводена од Арбен Таравари, на средбите што ги имаше тој и неговата партиска делегација во Тирана вчера, на 21 мај 2025 година со делегацијата на Социјалистичката партија на Еди Рама, премиерот на Албанија. Мимоза Муса вчера не беше видена на ниеден состанок. Пратениците Ријад Шаќири и Садик Сулејмани, член на Централното претседателство, од ова крило на АА на Таравари, како и неколку поранешни заменик-министри беа дел од овие средби. Според извори во крилото на АА на Таравари, пратеничката Муса добила покана да патува во Тирана, но ја одбила поканата, велејќи дека има приватни обврски. Во последните денови многу функционери од крилото на Таравари, кои се дел од владата, му го вртат грбот.“ – објавија информативниот портал „Алфакс“ и информативната агенција „Журнал“.



Инаку, делегацијата на крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците и Социјалистичката партија на Албанија, како што извести информативниот портал „Алмакос“ меѓусебно се „координирале за албанското национално прашање, како и за политиките, што ги претставуваат интересите на Албанците во регионот“. Пред оваа „координација“ меѓу двете партиски делегации од Албанија и Македонија  поодделно Таравари, како што напиша самиот на фејсбук, имал средба со „најевропскиот премиер Еди Рама“.

„Висока делегација на Алијансата за Албанците, предводена од претседателот на партијата Арбен Таравари, престојуваше во официјална посета на Албанија, при што оствари низа средби со високи претставници на Социјалистичката партија на Албанија. За време на разговорите беше нагласена потребата да се продлабочува соработката во интерес на националното прашање, како и да се градат нови комуникациски мостови, заради координација на политиките, што ги претставуваат интересите на Албанците во регионот. Посетата е оценета како важен чекор кон зајакнување на политичките врски и претставување на соработката меѓу напредните албански сили од двете страни на границата.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.