Со победата над Струга од 2:0 во финалето на 32. Куп на Македонија во фудбал на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Вардар конечно освои пехар во ова натпреварување по 18 години.
Во своето седмо финале „црвено-црните“ стигнаа до шестиот трофеј, зацврстувајќи се на врвот на вечната листа во Купот, благодарејќи на двојниот стрелец Михаил Талевски, кој погоди во 26. минута и во 49. минута.
За најуспешниот македонски фудбалски клуб ова е вкупно 17. трофеј во Македонија, вклучувајќи ги 11. шампионски титули, а стружани, кои беа прваци во предминатата сезона, останаа со празни раце во Купот и во своето второ финале.






