Македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова пластично го објасни односот на Европската унија кон Македонија.
„Јас понекогаш кога сум цинична им велам: ‘Ова на мене ми личи на цврста одлука да укинете смртна казна, која е срамна, ама велите ај сега уште овој осуден ќе го егзекутираме, ама по извесно време или од некој иден момент нема да има смртна казна’. Не може ние да бидеме колатерална штета на ваквиот процес на одлучување“, им објасни шефицата на македонската држава на новинарите по промоцијата на наодите од Родовата самопроценка и Родовиот акциски план за унапредување на родовата еднаквост во Министерството за одбрана и во Армијата.






