Двајца од најважните луѓе на Арбен Таравари кои одлучија да не одат со ДУИ и да останат во владата денеска биле примени на средба во американската амбасада во Скопје.
Вицепремиерот Арбен Фетаи открива дека заедно со екс министерот за информатичка технологија и администрација Азир Алиу утринава разговарале со заменик амбасадорката во амбасадата на САД.
,,Утринското кафе го испивме во најважната гостинска куќа за Албанците во нашата земја – Амбасадата на САД – каде што нè пречека заменик-шефот на мисијата, Никол Варнес. Со нашата пријателка разговаравме за нашето континуирано партнерство во борбата против корупцијата, унапредувањето на владеењето на правото и поддршката на нашиот пат кон Европската Унија”, објави Фетаи.
Луѓето блиски на Таравари кои одлучија да не заминат со ДУИ забележуваат дека нивниот поранешен лидер влегува во сојуз со луѓе кои се на Црната Листа на САД за корупција и криминал.






