Адвокат на сопругот на Весна Дамева, Етеми и Дудуловски го обвини Врховниот суд за сомнително постапување во случајот Скопски Пазар пренесува порталот Фактор.
Според тоа што го пренесува порталот Советот на судии од Врховниот суд за случајот „Скопски пазар“ не одлучил мериторно за вината на обвинетите и со тоа практично овозможил апсолутна застареност за осудените поранешни директори и екс-акционери на оваа скопска компанија.
Осумгодишната судска голгота на „Скопски пазар“ судиите од Врховниот суд по две осудителни пресуди од пониските судови ја доведоа во ќорсокак и со тоа, очигледно, дадоа свој придонес за и така нискиот рејтинг и доверба на македонскиот правосуден систем, пишува порталот.
,,Наместо да одлучат мериторно за вината на поранешните директори во „Скопски пазар“ судиите од судечкиот совет на Врховниот суд одлучиле предметот да го вратат на повторно судење. Со тоа се создадоа услови за настапување на застареност на гонењето на Давитковски и на други лица кои во тој период биле во структурите кои управуваат со „Скопски пазар“, изјави Јосиф Филиповски, адвокат на „Скопски пазар“.
Управител односно генерален директор на Скопски Пазар каде сопственици се бизнисмените Фатмир Етеми и Ацо Дудуловски, е Младен Дамев , сопруг на моќната членка на Судскиот совет.
Повеќе судии кои биле дел од овој предмет досега станале апелациони судии за што одлучува Судскиот Совет каде Дамева важи за моќен играч.
Судијата Елизабета Настова која сега го води предметот во граѓанскиот суд во Скопје а која без рочиште и надвор од пракса блокираше 700 илјади евра депонирани од страните е исто така кандидат за апелација за што ќе треба да гласа Судскиот совет.
Повеќе детали во текстот на Фактор






