Лазарополе, селото што е опеано во прекрасната истоимена песна што ја пее Наум Петрески деновиве е познато и по друга работа.
Потекло од ова село водат двајца луѓе кои што се одговорни за комуникациите и односите со јавност во двете најголеми македонски партии.
Потекло од ова прекрасно село води Роберт Поповски кој е министер за транспарентност и отчетност во Владата и главен креатор на медиумската политика на Социјалдемократите.

На стотина метри од неговата куќа во Лазарополе е и куќата на семејството Галевски чиј член е Луке Галевски главен советник на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Лазарополе е едно од најпознатите македонски мијачки села од каде потекнуваат или се родени:
Ѓурчин Кокалески (1775-1863) — преродбеник, кнез, претприемач и писател
Анатолиj (1838—1844) — архимандрит во Зографскиот манастир, пратеник на руската црква во Атина
Иларион — игумен на Киприjановскиот и Зографскиот манастир во ХІХ век
Васил Апостолов Икономов (1848-1934) — македонски учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач, калиграф и црковен певец
Исаија Мажовски (1852—1926) — македонски национален деец
Симон Дракул (1930-1999) — раскажувач, романописец, драмски автор, сценарист, историчар, преведувач
Анте Поповски (1931-2003) — поет, есеист, препејувач, публицист, академик
Мате Грујовски (1932-2013) — музичар, водач на оркестар, композитор на новосоздадени фолклорни песни и аранжер на македонски народни песни
Тихомир Јовановски (1933-2011) — економист, универзитетски професор и научник
Александар Христовски (1933-2000) — поет и преведувач
Филип Симоновски (1941-1990) — новинар, уредник и публицист
Бошко Перински (1950-2008) — писател и афористичар





