Претседателката Гордана Сиљановска Давкова е горда на ракометарите на Алкалоид кои побиедија во првиот меч за европскиот ракометен трофеј што се играше во Атина против АЕК.
Сиљановска Давкова им посакува на ракометарите да минат низ портата на победата со пехар в раце.

,,Честитки за витешката ракометна битка и победа на „Алкалоид“ над „АЕК“ во првиот натпревар на Европскиот куп.
Горда сум на победниците!
Особена благодарност до тренерот Кире Лазаров и главниот спонзор Живко Мукаетов!
Така се бранат македонските бои! 🇲🇰
Триумфално влеговте низ портата на победата. Излезете низ неа со пехар в раце”, стои во честитката на претседателката.





