Тренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо, истури грст комплименти за македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, кој во 78. минута го постигна голот за победа на Хајдук во дербито со Риека, оставајќи ги сплитските „били“ во трката за титулата до последното коло во Хрватската фудбалска лига (ХНЛ) наредниот викенд.
„ Трајковски го заслужува сето ова што му се случува, заслужи да даде гол. Кога постигна гол за победа, слободно можеше да ме отера таму каде што не треба. Имаше многу проблеми со повреди и не му давав да игра многу, но јас како тренер можам само да му се заблагодарам. Секогаш имаше добар пристап и добра волја, секогаш е добро расположен, немав ниту еден проблем со него“, одговори легендарниот поранешен играч на Милан и на „аѕурите“ на прашање од новинар по мечот со директниот ривал за титулата.






