Фото на денот: Победничко селфи на Алкалоид од Атина

Фотографијата на денот доаѓа од соблекувалната во Атина, кадешто ракометарите на Алкалоид ја прославија победата од 29:25 против грчки АЕК во првиот натпревар од финалето на Европскиот куп на ЕХФ.



Освојувачот на Купот на Македонија во реваншот со победникот на Купот на на Грција на 25 мај од 20:30 часот во арената „Борис Трајковски“ влегува со предноста за која најзаслужни се голманот Иван Галевски, кој одбрани дури пет од шесте удари од 7 метри, а во нападот се издвоија Мартин Серафимов со 6 гола од 10 удари и Франсиско Оливеира со 5/5.

Централно место во победничкото селфи на „фармацевтите“ од Автокоманда има главниот спонзор Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“.