План за обука на 25 невработени лица за оџачари, најави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов како една од мерките за намалување на загаденоста во главниот град во зимските месеци.
Според негови зборови, во Скопје имало 60 илјади оџаци кои не биле исчистени, а причина за тоа е – недостиг на оџачари кои во моментов се само 8 на број.





