Провокација на Таравари кон сопартијците-противници на излезот од владата: Горд сум што опстојавме во тоа, посилни сме од кога било досега?!

„Лидерот на АА Арбен Таравари им се обрати на колегите и активистите преку општествените мрежи, велејќи им дека е горд на секој што е дел на АА. Оваа негова објава уследи по одлуката на поранешниот министер Азир Алиу дека се спротивставува на излегувањето од владата и оти останува во Вреди, како и по средбата на вицепремиерот Арбен Фетаи со Албин Курти во Приштина. ‘Горд сум на сите вас што опстојавте цврсто во нашето излегување од владата! На оние, што се обидуваат да нè прикажат како поделени, им велам дека нивната серијал не е успешен! Ние сме погорди и посилни од кога било досега. – кратко напиша Арбен Таравари на општествените мрежи.“ – ова го објави ТВ Алсат.