Села: Таравари не треба да биде пречекан со раширени раце, има сомнителни потези! Не прифаќам подгазување од Ахмети, заради него!

„Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во интервју за Алсат изјави дека „Арбен Таравари не треба да биде пречекан со раширени раце во Европскиот фронт, поради неговите сомнителни политички потези“. Села рече дека „најмалку што треба да направи Таравари е да поднесе оставка“.

Пренесувајќи ги одговорите на Села, покрај другото, Алсат истакнува: „Јавното извинување на политичар е оставка од својата функција, бидејќи ако го стори тоа, ќе разбереме дека размислувал дека направил грешка, но ако не го стори ова, тогаш ќе разбереме дека не размислувал, туку, напротив, се преправал во друга кожа за потоа да ни сервира нешто што не е добро за општеството воопшто, за граѓаните, а особено за Албанците.“ – рече Зијадин Села.

„На прашањето што ако Ахмети му понуди на Таравари 5 општини во изборната трка, Села упати директна порака до Ахмети, велејќи дека не прифаќа омаловажување. Во јавноста се зборува за договор Таравари да земе 5 општини од ДУИ, па се поставува прашањето: што ќе добие Зијадин Села на овие локални избори? Дали сте стигнале до таа фаза од преговорите со Ахмети за поделба на општините?“

„Не, иако јасно ставив до знаење: не знам дали Али Ахмети, има општини да ги дели лево и десно, но тоа е негово прашање. Меѓутоа, во никој случај јас нема да прифатам понижување, омаловажување и подгазување во однос на кој било партнер во рамките на Европскиот Фронт, а уште помалку во однос на Арбен Таравари.’ – додаде Села од АА.“

„Села тврди дека имало барања од партиите на власт за комуникација и оти одговорил на барањето, но додаде дека споменувањето четворица пратеници е со цел да се создаде неизвесност во јавноста.“

„Имаше доста барања да воспоставам комуникација и контакти со овој или оној и одговорив на барањето, ги искажав моите ставови. Ние не даваме збор на две места, АШ што ја водам, луѓето што ги има АШ, нејзините заменици. Ние не даваме збор на две места, ние сме сериозни.“ – посочи Села од АА.“

„Што ако една врата се затвори, стеснувајќи го просторот за дејствување?“

„Тогаш ние нема да бидеме тие што ќе го прекршат својот збор и секако сме слободни во нашето политичко дејствување. АА никогаш не може да биде замена за ништо. АА има своја програма. Ако зборот на АА е прекршен, тогаш таа има свои тела и ќе донесе свои одлуки.“ – одговори Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците.“