Сиљановска Давкова изненадена од Таравари – шокирана од Бујар

Шефицата на државата, Гордана Сиљановска-Давкова вели дека не го разбира потегот на министерот за здравство во оставка и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари да излезе од Владата.



„Да бидам искрена ова што го направи јас не го разбирам. Сите ние понекогаш менуваме став, ама ова навистина да не знаете кој е ставот и зошто е, е крајно невообичаено. Јас ги паметам дискусиите во парламентот за Раскољников точно од една партија, па потоа Раскољников стана некој којшто може да се толерира. Значи не мислам дека се во право ДУИ кога вака зборуваат, но некогаш кога ќе тргне лавината или топката да се тркала таа добива некои чудовишни димензии“, изјави синоќа Сиљановска Давкова во Вин Вин нан Телма, пренесе 360 степни

Сиљановска-Давкова рече оти ја чуди и тезата на поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи дека предвремени парламентарни избори заедно со локалните ќе обезбедат четиригодишен мир.

„Мене ме чуди една теза што ја чув, вака вели поранешниот министер за надворешни работи: ‘Сега ако излеземе на парламентарни избори заедно со локалните тоа ќе ни обезбеди четиригодишен мир’. Ништо не разбирам. Како тоа? Значи ако е ДУИ внатре загарантирано четири години мора да се биде, а сега, па реформски агенди, тоа е неверојатна теза. Тезата е нелогична“,- рече претседателката.