Болницата „Пирогов“ во Софија го испиша и последниот од најтешко повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, кој ја зави во црно Македонија на 16 март.
Младиот маж беше пренесен во многу тешка состојба пред два месеца заедно со уште 7 тешко повредени лица.
„Сите настрадани беа подложени на над 30 големи, сложени, тешки операции и неколку стотици полесни. Стотици луѓе од Бугарија и стотици од Македонија донираа крв. Тоа му даде шанса на тимот на Клиниката за изгореници и пластична и реконструктивна хирургија, предводен од проф. Маја Аргирова, да изврши толку многу операции“. Бугарската држава беше меѓу првите што понуди помош на жртвите од инцидентот во Кочани, потсетува”, цитира извори од болницата бугарската агенција БГНЕС.
Осуммина повредени на 16 март беа транспортирани во „Пирогов“, а неколку дена подоцна беше примена и млада девојка со полесни повреди, а болницата прва ја отпушти.






