Некој пак ја бомбардира Сирија (ВИДЕО)

Моќни експлозии се слушнаа во провинциите Хама и Алепо, објави сириската државна новинска агенција. Државните медиуми објавија дека биле погодени воени бази од ракети „неодреден“ непријател.



За нападите јави новинската агенција Сана во неделата вечер. Цитирајќи воен извор, од агенцијата велат дека „новата агресија со непријателски проектили“ се случила околу 10:30 вечерта по локално време и била насочена кон воените позиции во селата Хама и Алепо.

Изворот вели дека една од целите била складиште за муниција која припаѓала на 47  бригада на сириската армија и складиште за муниција на исток од Алепо.

Има непотврдени извештаи за повреди и загинати, а Скај Њуз Арабија објави, цитирајќи бунтовнички извори, дека над 40 лица можеби биле убиени.

Експерти укажуваат на тајмингот на нападите коисекогаш се случуваат кога сириската армија напредува во борбите против бунтовниците.