Зеленски: Ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе значи негов целосен пораз

 

Директните мировни преговори меѓу Украина и Русија се очекува утре да се одржат во Истанбул.



Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе преговара директно само со Путин.

Иако Русите најавија дека доаѓаат на преговорите, тие не потврдија дека Путин ќе учествува.

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека на преговорите ќе присуствуваат и државниот секретар на САД, Марко Рубио, и пратениците Стив Виткоф и Кит Келог.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе изгледа како негов целосен пораз.

„Никој не знае колку долго ќе трае војната. Но, не десет години. Украина нема да издржи…

Русите нема да им веруваат на Украинците, а Украинците нема да им веруваат на Русите.
Само надворешни посредници можат да гарантираат почитување на сите договори“, изјави Зеленски.